Вчера околу 15 часот на паркингот на Сити Мол на најгорниот кат од паркингот, од засега непознати причини избувнал пожар во патничко моторно возило марка Мерцедес со тетовски регистарски таблички сопственост на М.А.(31)од Тетово.
Како што информира полицијата, инцидентот бил пријавен вчера во 15:55 часот.
Пожарот бил изгаснат од страна на лица од обезбедувањето на трговскиот центар.