ОПШТИНА КАРПОШ И ЦЕНТАР издале 160 дозволи за градба ВО ВРЕМЕ НА МОРАТОРИУМ

464
0
SHARE

Според податоците од статистиката забележително е дека општина Центар и Карпош иако се во „Мораториум на градба” сепак градежни дозволи се издаваат.

Државниот завод за статистика објави податоци од градежништвото за месец ноември.

Како што објави Државниот завод за статистика, предвидена е изградба на 717 станови, со вкупна корисна површина од 47.289 метри квадратни.
Од вкупниот број, 514 станови се во Скопскиот регион, односно 326 во општина Бутел, 104 во Карпош, 55 во Центар 16 во Ѓорче Петров.

Според издадените одобренија за градење во ноември лани, предвидената вредност на објектите изнесува 2.942.350.000 денари или за 80,1 % повeќе во однос на ноември 2017.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 144 се наменети за објекти од високоградба, 52 од нискоградба и 96 за објекти за реконструкција.

Од вкупно 292 објекти, на 167 како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 125 инвеститори се деловни субјекти.

Извор Вечер

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here