Оштетен вид и парализирана рака, на тригодишната Мејрем ѝ е потребна помош за лекување

380
0
SHARE

Мејрем има три години. Видот и е оштетен. Може да гледа само 20%. Освен видот, и десната рака и е парализирана. Малечката Мејрем боледува и од спина бифида (дефект на нервната туба). Нејзината мајка има голем товар, таа е разведена од сопругот пред повеќе од една година, а вели дека лекарите ја советувале дека Мејрем треба да прими лекови кои за нив се многу скапи.

-Сега за сега за девојчето употребувам диазепам, има еден лек за неа, но многу е скап, не можам да го купам, чини 200 евра, тој лек и помага за развој на мозокот, телото и очите. Овој лек не го примала никогаш, се вика КЕПРА. Лекарите ми рекоа дека надвор од земјава може да се лекува, а овде кај нас, не – вели Миневер Рушити.

На мајката на Мејрем лекарите и рекле дека треба да се оперира надвор од земјава бидејќи станува збор за тешка операција. Со операција во странство може да се лекува ‘рбетниот столб, за потоа да може да функционира подобро со парализираната рака, вели мајката на Мејрем.

-Мејрем има спина бифида и епилепсија, тука не може да се оперира туку само во странство. Овде не дозволуваат бидејќи ‘рбетниот столб и е вкочанет и мозочната течност и излегува надвор – вели Рушити.

Освен маката со ќерката, ова семејство од Тетово живее под кирија. Мајката Миневер вели дека нејзините деца често остануваат и без храна бидејќи немаат месечни примања, а киријата и ја плаќа нејзиното семејство. Бара од сите хумани луѓе да подадат рака во овие тешки денови.

-Сите што ме гледаат ги молам да ми помогнат за ќерката и за еден стан. Ништо друго не сакам, за ќерката да ми помогнат, за болната ќерка.-апелира Рушити.

Телефон за контакт: 071 909 791

Извор ТВ21

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here