Ослободителна пресуда за Зоран Заев во случајот „Поткуп“

517
1
SHARE

Кривичниот суд донесе ослободителна пресуда за премиерот Зоран Заев во случајот „Поткуп“. Според пресудата, обвинителството не успеало да докаже дека Заев сторил кривично дело примање поткуп.

Судијата Дарко Тодоровски од Кривичниот суд во Скопје предмалку го ослободи од одговорноста премиерот Зоран Заев, кој беше обвинет во случајот „Поткуп“.

Во читањето на пресудата судијата Тодоровски наведе дека јавниот обвинител не успеа да докаже дека обвинетиот заев го сторил делото што му се ставаше на товар и од тие причини донесе ослободителна пресуда.

На минатото рочиште обвинителката Валентина Бислимовска побара измена на правната квалификација на обвинителниот акт и наместо за примање поткуп, обвинетиот Зоран Заев да биде осуден за барање поткуп. Обвинителката за ова кривично дело побара од Судот на Заев да му се изрече осудителна пресуда, која, според законот, е од една до пет години затвор.

1 COMMENT

  1. Затоа народот ќе му суди на децата на овие таканаречени судии предавници
    Умноболни идијотски креминалци

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here