Османи молчи дали ДУИ ќе остане во коалиција со СДСМ без Законот за јазици

553
0
SHARE

Потпаролот на ДУИ и вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи не кажува дали неговата партија ќе коалицира со владеачката СДСМ, доколку Собранието не го излгаса Законот за јазици. Тој во изјава за „Макфакс“ вели дека нема потреба да се размислува за хипотетички ситуации, иако минатата недела пропадна првата шанса за изгласување на законот, откако, претседателот на Собранието, Талат Џафери по две одложувања, ја откажа седницата. Османи е убеден дека законот ќе биде изгласан на идната седница во Законодавниот дом.

„Доколку мнозинството се плашеше од деструктивни уцени, немаше ниту да се потпише договорот со Бугарија, ниту ќе се спроведуваа реформи, а немаше да се разговара ниту за решавање на спорот со името. Бидете убедени дека мнозинството е одлучно да им покаже на деструктивните дејствувања кои мислат дека меѓуетничките односи се предмет за поткусурување за партиски агенди, дека се веќе минато“, вели Османи.

Талат Џафери вината за откажувањето на седницата ја префрли кај политичките партии. Џафери се иззема од одговорност, а пак координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев рече дека тие чекале да почне седницата и дека немале средба со спикерот на Собранието. Со тоа, причините за откажување на седницата се познати само за колиционите партнери СДСМ и ДУИ. Неофицијално, двете партии не можеле да постигнат договор, бидејќи од пратеничката група на СДСМ инсистираат да се направи компромис со опозициската ВМРО-ДПМНЕ за да ги повлечат 35.000 амандмани, а пак мисијата на ДУИ е законот да биде веднаш изгласан без никакви одлагања.

Спикерот на Собранието им даде една недела на партиите да се договорат меѓусебно, а во текот на идната недела ќе биде закажано ново продолжение на седницата каде е и Законот за јазици. Остнаува непознато дали ќе се дискутира за амандманите, но и дали мнозонството ќе гласа за усвојување на законот.

 

Извор: Макфакс

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here