Оставка поднесе Вес Мичел, поддржувачот на Заев и на Договорот од Преспа

594
0
SHARE

Вес Мичел, помошникот државен секретар на САД задолжен за Европа и Евроазија, денес информираше дека поднел оставка од функцијата. Мичел, кој беше ангажиран во притисоците врз Македонија да се прифати договорот за менување на името, одбра соопштението го објави преку „Вашингтон Пост“, весник кој е на „воена нога“ со претседателот Доналд Трамп, но сепак инсистира дека причината за неговото повлекување е од личен, а не политички карактер.

Со навршувањето на втората година на оваа администрација, сметам дека реализирав се што сакав да направам, и дека ми е време повеќе да се посветам на моето младо семејство, на моите деца Весли и Шарлота. Целосно го поддржувам тимот во Стејт Департментот и работата што ја вршат, но моите деца доаѓаат на прво место, изјави Мичел за „Вашингтон Пост“.

Мичел ја посети Македонија во март, а потоа и во септември, да ги повика граѓаните да излезат и да гласаат на референдумот за менување на името. Откако граѓаните го бојкотираа референдумот, Мичел изрази разочарување од ставот на ВМРО-ДПМНЕ, но сепак ги повика властите да го спроведат договорот со Грција. Мичел тогаш упати отворено писмо до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во кое оцени дека, независно од исходот на референдумот, партијата треба да гласа за преименувањето на државата. Мицкоски одговори дека ВМРО-ДПМНЕ не може да поддржи договор кој „е отфрлен на референдумот од убедливо мнозинство од граѓаните, со кој се менува Уставот за да се промени името на државата, и со кој се бара од Македонците да се откажат од сите свои стекнати права“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here