Откажан лет на ВИЗ ЕР поради технички проблем на авионот

300
0
SHARE

Стотина патници од летот Скопје – Берлин биле вратени во аеродромската зграда на скопскиот аеродром откако од екипажот на Виз Ер биле информирани дека има технички пpoблеми со авионот.

Според информации од очевидци на скопскиот аеродром причината за одложувањето на летот е пpoблем со електрониката на авионот за Берлин. Се очекува авионот да полета откако инжинерски екипи ќе ги проверат сите функции на електронските апарати во пловилото.

Сагата на патниците за Берлин започнала утринава кога тие биле информирани дека летот за Берлин ќе доцни два часа но дека тие мораат да се јават на “чек ин” во времето кое го пишува на нивните карти.

Засега нема информација колку ќе трае новото доцнење.

Наместо во 13.45 патниците во Берлин можат да пристигнат најрано во 18 часот вечерва.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here