Отворен првиот центар за деца со Даунов синдром

261
0
SHARE

Целосна опрема за подобрување на физичката состојба на децата со даунов симдром, справи за трчање, пинг- понг маса, топки за пилатес, опрема за развој на фина моторика и друга дидактичка опрема, но и соби за одмор и хидро масажa, содржи првиот Дневен центар за Даунов синдром, отворен денеска.

Со децата ќе работи стручен тим од Центарот за социјални работи и од здруженија на децата со Даунов синдром. Ново отворениот Центар, според министерката Царовска, ќе стане свратилиште каде што децата со Даунов синдром ќе се дружат и социјализираат.

Апел за поголема вклученост на лицата со даунов синдром во општеството упати и првата дама Елизабета Горгиевска.

Лоциран во центарот на градот, зад Соборниот храм, Дневнот центар во земјава ќе работи во две смени. Под стручен надзор во исто време ќе можат да бидат околу трисетина деца со Даунов синдром. За негова изградба инвестирани се над шест милиони денари.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here