Падна италијанската влада, премиерот Конте поднесе оставка

137
0
SHARE

Премиерот на Италија Џузепе Конте, денеска поднел оставка пренесуваат италијанските медиуми.

Премиерот ја објавил својата одлука пред членовите на владата утрово, а потоа според протоколот, тоа официјално ќе му го соопшти на претседателот на Републиката Серхио Матарела.

Медиумите пишуваат дека премиерот во оставка ќе се обиде да спроведе „пилотска“ криза, доколку претседателот на Републиката му довери трет мандат и формира нова влада што ќе има посилна политичка база на парламентарни партии.

Додека не се формира нова влада, сегашните членови на владата во оставка ќе ги извршуваат потребните задачи.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here