Падна Владата на Себастијан Курц

526
0
SHARE

Владата на австрискиот канцелар Себастијан Курц загуби на гласањето доверба во парламентот по обвинувањата за корупција во врска со неговиот сега веќе бивш вицеканцелар.

Барањето за недоверба на владата го поддржаа пратениците на Социјалдемократите и Дсничарската слободарска партија, која беше во коалиција со Курц до пред една седмица..

Австриската владејачка коалиција меѓу конзервативната народна партија (ОВП) на Курц и десничарската партија на слободата (ФПО) беше потресена од скандал на 17 мај.

Тогаш германските медиуми објавија видеоснимка на која вицеканцеларот и лидер на ФПО, Хајнц-Кристијан Штрахе, бара поткуп од жена што наводно е внука на руски тајкун.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here