Парламентарните избори во Бугарија закажани на 4 април

78
0
SHARE

Парламентарните избори во Бугарија ќе се одржат на 4 април, изјави денеска бугарскиот претседател Румен Радев.

-Настаните минатата година јасно покажаа дека Бугарите сакаат промени што побрзо, за земјата да може да се врати на патот на демократијата, рече Радев.

Бугарскиот претседател, кој е многу критичен кон владата на Бојко Борисов, алудираше на демонстрациите во текот на летото во кои граѓаните го обвинија премиерот за поврзаност со олигархијата.

Борисов, кој владее со земјата околу десет години, тогаш одби да поднесе оставка, велејќи дека не сака да „попушти во хаосот во услови на здравствена и економска криза“.

– Во време кога институциите губат доверба и пропаѓаат како тротоари, изборите добиваат клучно значење. Иако одамна е познато дека овие избори ќе се одржат во време на пандемија, ниту една институција не презеде ништо. Јас го насочив вниманието на јавноста кон потребата од соодветни мерки за надминување на проблемите при спроведувањето на изборите, додаде Радев, пренесува БГНЕС.

Дел од партиите се огласија и соопштија дека го прифаќаат датумот за избори, но не и промени во Изборниот законик.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here