Партијата на Орбан суспендирана од Европската Народна Партија (EPP)

476
0
SHARE

Партијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан, ФИДЕС е суспендирана од Европска народна партија (EPP), соошти претседателот Жозеф Дол на Твитер.

Одлуката е донесена по долги часови партиски преговори и натегања помеѓу сите партии членки на Европската Народна Партија.

ФИДЕС ќе биде суспендирана веднаш и до следно известување, по денешното гласање на членките на ЕНП, 190 гласа „за“ и три „против“, напиша Дол.

Тој прецизираше дека суспензијата значи дека ФИДЕС, партијата на унгарскиот премиер, нема да може повеќе да присуствува на партиските средби, нема да има право на глас ниту да предлага кандидати за функции.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here