Пехчево тоне! Директорот на комунална ги оставил вработените без никакви услови за работа…

806
0
SHARE

Денеска околу 15 вработени во подрачните единици на МЗСВ, на фонд за здравство, фонд за вработување и труд и социјала, директорот на Комуналното претпријатие од СДСМ ги остави без основни услови за работа.

Пред 8 години во време на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, постигнаа договор министерствата со општината во Пехчево, да се отворат подрачни единици се со цел олеснување на жителите на Пехчево, за да не мораат да патуваат до најблиските градови. Општината се обврзала да обезбеди простории и истите да бидат ослободени од сметки за вода. И додека во предизборната кампања за живот се ветуваше подобрување во секоја сфера, денеска сме сведоци на тотално нечовечки услови од страната на функционерите на СДСМ.

Денеска е исклучена водата во подрачните единици а условите на вработените се далеку од основните пропишани со закон но и достоинствени.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here