Пендаровски на инагурација во Собрание

257
0
SHARE

Во Собранието на Македонија се прават пооследните подготовки пред почетокот на свечената седница за инаугурација на новиот претседател Стево Пендаровски. Сé уште пристигнуваат делегациите кои ќе ја проследат инаугурацијата на Пендаровски во Парламентот.

На инаугурацијата на Пендаровски ќе присуствуваат бугарскиот претседател Румен Радев, српскиот претседател Александар Вучиќ, албанскиот претседател Илир Мета и косовскиот претседател Хашим Тачи. Присутни ќе бидат и министерот за надворешни работи на Црна Гора Срѓан Дармановиќ, грчкиот министер за надворешни работи Георгиос Катроугалос, заменик министерот за надворешни работи на Полска Мациеј Ланг, турскиот заменик министер за надворешни работи Фарук Кајмакчи и висок претставник на кабинетот на претседателот на Словенија Борут Пахор.

Покани за присуство на инауграцијата преку Министерството за наворешни работи се испратени до сите шефови на држави членки на НАТО и ЕУ, вклучувајќи ги и претставниците на Европската комисија, како и од земјите од регионот.

На свечената седница ќе присуствуваат членови на Владата, а се очекува да бидат присутни и пратеници од сите пратенички групи.

Секој момент се очекува во Собранието да пристигне и новиот претседател Пендаровски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here