Заедничкиот кандидат за претседател на партиите од владејачката коалиција Стево Пендаровски денеска имаше средба со иконографија како во Албанија без ни едно Македонско знаме и кусо обраќање пред членовите на Централниот совет на ДУИ во Мала Речица.
На седница меѓу другото се очекува потврда за неговата кандидатура за претстојните претседателски избори.
„Македонија за сите, нема да има граѓани од прв ред и втор ред, не смее да има привилегирани граѓани, туку сите треба да бидат рамноправни. Јас не отстапувам од овој концепт, напротив, ќе се ангажирам ова да стане реалност“, изјави Пендаровски за медиумите, пред седиштето на ДУИ.
Се би било во ред доколку имаше барем едно Македонско знаме истакнато во штабот на ДУИ во Мала Речица. Вака испаѓа дека Стево бара подршка од Политичка партија од соседна Албанија/