Кандидациската комисија објави дека е поднесена само една кандидатура за нов претседател на Кошаркарската федерација на Северна Македонија.
Согласно тоа, нов прв човек на оваа организација е Перо Антиќ.
Владимир Темелковски се повлече на 20-тина часа пред Собранието, а иако се очекуваше, Петар Наумоски не се кандидира за нов мандат.