Колумна на Крсте Петревски: Перцепција наспроти Вистина

634
0
SHARE

Перцепцијата е леќа низ која примаме информации од надворешниот свет. Овие информации најмногу ги примаме преку сетилата, но ги примаме и преку други чувства. Кај голем број луѓе перцепцијата е помешана со разни блокирања кои ја искривуваат вистината и избираат информации што се примаат во системот. Токму тоа е основна причина зошто луѓето не ја гледаат вистината. Низ животот со систематски програмирања се создаваат бројни идентификации – преку  одреден начин на живот, луѓе, навики, однесувања, емоции, начин на размислување, итн.

СДСМ во Македонија креира перцепција “Живот за сите”, перцепција која се темели исклучиво на лажни вести за подобар живот. Како пример, дека кај нас сега има слобода на говор, независни медиуми, се води борба против корупцијата и криминалот, дека сме добиле датум за преговори со ЕУ и платите се зголемиле, дека во Македонија има могу странски инвестиции и многу нови работни места.

За лажните вести кои ги пласира СДСМ можам да набројувам има уште многу, но кога луѓето ќе се запознаат со вистината, ќе осознаат дека нивната перцепција е исклучиво субјективно (лично) искуство, бројните лажни вести ќе паднат во вода и треба да се соочат со бројни неправди во себе и околу себе. Токму затоа дел од луѓето решаваат да живеат во невистина, поточно да се држат на своите лични перцепции на реалноста.


Вистината не е субјективна (лична), процесот на осознавање на вистината, не е ни најмалку пријатен процес. Логичен чекор е да се справиме со тоа и да преземеме одредени чекори кои ќе доведат до промена.

Сонот за тоа да имаме подобар живот нема да се исполни ако не се соочиме со она што е вистинито токму сега. Првиот чекор на промени е да се соочиме со лажните вести. Колку ни е поголема свеста, толку ни е поголема способноста за перцепција на вистината.

Не верувајте на лаги, верувајте во себе.

 

Крсте Петревски

Член на ИО на ГРОМ

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here