Пет за Пет, нова специјализирана емисија за домашни миленици на ТВ Алфа

489
0
SHARE

Оние кои сакаат животни, отсега сите одговори на прашањата поврзани со нив, ќе можат да ги добијат во новата специјализирана емисија за домашни миленици која ќе се емитува на ТВ Алфа, секоја сабота во 16.30 часот. Водител на емисијата е добро познатиот Марко.Веќе подолго време недостасуваше емисија во етерот од овој карактер. Емисијата ќе понуди неколку рубрики во кои преку забава и едукација, гледачите ќе се запознаваат со сите згоди и незгоди на животнискиот свет. Познатите и нивните миленици, ветеринарно катче, Зоо енциклопедија во соработка со Зоолошката Градина, преставување раси, вдомување и спасување улични животни и уште многу интересни содржини ќе може да се погледнат во еден час колку што трае емисијата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here