Пијаниот шеф на кабинет од општина Карпош, управувал нерегистриран моторцикл

626
0
SHARE

Како што претходно информиравме, Душко Бужаровски на семафотите во Влае имаше сообраќајна незгода во четвртокот. На истата се здоби со тешки телесни повреди во пределот на рамото. Информациите од МВР говорат дека тие го имаат евидентирано случајот, но се поставува прашањето зашто МВР не соопштува дека Бужаровски возел без патен налог, без одобрение, моторцикл за кој не бил задолжен и што е најстрашно во алкохолизирана сосотојба. Граѓаните се прашуваат зошто МВР ги крие функционерите на СДСМ?

Другата работа што ја прикрива МВР е дека општинскиот моторцикл бил нерегистритран и неосигуран. Дали МВР има покренато постапка против Душко Бужаровски за овие неколку прекршоци:

  • Возење без патен налог
  • Возење моторцикл за кој не е задолжен
  • Возење во алкохолизирана состојба
  • Возење нерегистрирано возило
  • Управување неосигурано возило
  • Управувачот Бужаровски возел без заштитна кацига

Граѓаните револтирани се обраќаат до нашата редакција и ни доставуваат информации и прашуваат:

Ова ли е правната држава за која се залагаше СДСМ?

Вака ли изгледа особедена држава од режимот на Груевски?

За едни важи законот за други не?

Ако тие прекриваат обично пијано шефче на кабинет, што ли се случува кога прекршоци прават високи функционери на СДСМ?

Граѓаните прашуваат дали пред законот се сите исти или сдсм-овците се граѓани од прв ред?

П.С.

Душко Бужаровски е оној член наСДСМ кај  кој во 2013та божем случајно кога Бранко Црвенковски одеше од врата на врата го пречека со бели чаршафи и флаши виски на маса.

Бужаровски-лево, го пречека Црвенковски-десно со виски

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here