Писмо до редакцијата на InfoNews од читател од Карпош: СДСМ можеа да ја сменат политичката културата од стилот на „сечење глави после избори“ , но на ред се градинките и училиштата

1218
0
SHARE

По нашите објавени информации и вести во врска со отпуштањата од општинските администрации во Скопје, особено во општина Карпош. До нашата редакција стигна писмо од наш читател во кое тој објаснува за начинот на кој се “откачуваат” од вработените во локалната самоуправа, особено од лицата кои се на определно работно работно време, ангажирани преку Агенција за привремени вработувања.

Тој посочува дека на отстрел ќе биде кадар на кој му недостасуваат неколку денови или недела дена од исполнување на законскиот рок за да се стекнат со работно решение за неопределен работен однос во општинската администрацијата, градинките и образовните установи.

InfoNews има сознанија дека има слични ситуации со некои од вработените во основните училишта на ниво на општина Аеродром и други.

Во целост го пренесуваме текстот од неговото писмо:

Во услови кога претставниците/политичарите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија се на позиција да го дадат својот придонес за промена на политичката култура од стилот на „сечење глави после избори“, имаме ситуација каде вработените на определено време на кои деновиве им истекува договорот во градинките „Мајски цвет“, „Распеана младост“, „Пролет“ и „Орце Николов“ се упатуваат да се „пријават“ за работен ангажман преку Агенцијата за привремени вработувања „ПАРТНЕР“. Не само што овој начин на постапување не е социјалдемократски туку ова повеќе наликува како да е направено од некои градоначалници од претходната власт која успеваше да ја наполни државната администрација со свои партиски војници. Овие вработени на кои договорот за вработување им истекува деновиве нема да можат да го исполнат условот за стекнување на право за трансформација на договорот од определено во неопределено време бидејќи континуираното вработување во период од минимум две години (кој е главниот предуслов за трансформацијата) нема да биде кај истиот работодавач! Тоа значи дека вработените во горенаведените градинки ќе бидат ставени во неповолна позиција со тоа што ќе им се овозможи да ја примат оваа „милостина“ (работен ангажман во Агенцијата за привремени вработувања) а всушност за кратко време сигурно ќе се објави и оглас на кој ќе се примат лица блиски до владејачката партија и на кои ќе почне да им се „брои“ континуираниот работен стаж од две години за после да ги трансформираат нивните договори во неопределено време. Јавното известување на градоначалникот на Карпош е само замачкување на очи во поглед на она што ќе се случува во периодот што следи.
Се надеваме дека нашиот идентитет ќе остане анонимен бидејќи не сакаме нашите најмили да бидат предмет на “партиски расправи“.

 

Во медиумите има сведоштва и од родители кои се незадоволни од промената на образовниот кадар на средина на учебната година. Тие апелираат дека нивните деца особено од помала возраст ќе имаат потешкотии да се прилагодат на нови воспитувачки и

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here