Писмо од нашата читателка Гордана Јовановска

511
0
SHARE

Ни пристигна писмо од нашата читателка Гордана Јовановска со реакција на нашиот текст објавен вчера “Рускиот амбасадор: Новото име на Македонија ќе се разгледа од Советот за безбедност на ОН” .

Текстот го објавуваме интегрално:

Апсолутно се сложувам со почитуваната Екселенција. ООН дозволија под својот кров, да се изврши Културен геноцид врз еден суверен народ и унитарна држава.

Македонија се осамостали од СФРЈ по мирен пат, предавајќи го сето оружје на Белград.
Се` додека Македонија им беше потребна на НАТО и на ЕУ како База, во Македонија тие беа присутни и беа добронаклонети кон Владата на РМ, но потајно подготвувале договори со сите соседни држави на Македонија за поделба на воозобновената Македонска држава.

Да, Македонија навистина беше разорена од надвор, односно пријателската и партнерската рака на Западот, всушност, за Македонија и не означуваше „вистински“ пријател и партнер.

Во Македонија постепено почна да се пласира русофобска политика, чиј главен промотор беа демохристијаните од ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ под лидерство на Црвенковски не си дозволуваше да крене глас против Русија, а тоа им пречеше на Западните сили, така што тие најдоа „чудна“ замена за Црвенковски во ликот и делото на докажан злосторник и криминалец, Зоран Заев, кој ги вршеше сите „прљави работи“ за Црвенковски.

Паралелно со сите политички и воени настани на Балканот, над Македонија се спроведуваше Фазен културен геноцид, преку „грчки надворешни влијанија“, кои Бараа од воозобновената Македонска држава да си ги смени своите државни и народни знаменитости, сакајќи да прикажат пред светот, дека Грција е Македонија, иако сиот свет знае дека Александар Македонски војуваше против Данајците (денешните Грци, на кои денес им е дозволено во исто време се самопрогласуваат и за Елини, и за Грци, и за Македонци!?)

Геополитичката положба на Македонија е таква, што Македонија е постојано во воени конфликти, а по владеењето на Македонецот Василије, Македонија никако не можеше да ги преброди тешките последици од долготрајното Османлиско ропство.

Денес, кога низ сиот свет владее конфорот, и кога сите очекуваа Балканот да се стабилизира, Западните сили го спроведоа „новиот план“ за пекројување на државите.
Впрочем, Западните сили несакајќи го отворија Македонското прашање и кога видоа дека историскиот ток директно ја поврзува Македонија со Русија, веднаш во Македонија беше забрането изучувањето на стварните историски настани и почнаа да ја „фабрикуваат историјата“.
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, како и албанските дел-партии, континуирано произведуваа симуларкум на организирани терористички дејствија и потпишуваа „мировни договори“ секогаш на штета на Македонија, менувајќи ги онака како што им налагаа „правилата“ регулирани во документот за Фазната промена на името.
Она што е најзагрижувачко е тоа што ООН, дозволија Македонија да биде уценувана и приморана да се откаже од правното рамниште при решавање во спорот за името со Грција, град државичката, која отсекогаш била непријател на Македонија и на Македонците, а по балканските војни се стекна со најголем дел од територијата на Македонија преку Букурешкиот мировен договор.

За време на Хашкиот трибунал, трибуналот се произнесе дека Културниот геноцид не претставува „злосторство над злосторствата“, со што беше Погазена Повелбата на ООН исклучиво во однос на Македонија, но и во однос на Палестина.
Оваа чудна емпатија на Западот, кон некои „незаконски народи без државички“, ги примора да ги погазат демократијата и воспоставената меѓународна практика, и тоа и од страна на либералите и од страна на конзервативците.

Денешната Западна цивилизација се врати во времето на антиката, а либералите станаа „новите безкрупулозни Софисти“.
Македонскиот народ во текот на изминативе три децении, многупати се крена на Мирни протести, верувајќи во демократијата и слободата на изразувањето и секојпат беа игнорирани или, пак, прелажани од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ, македонските партии, кои уште на 19.12.1991 година, во Собранието на РМ, прифатиле да воведат правни и уставни гаранции за промена на „називот“, кој демек задирал во интересите на некои земји членки на ЕЗ/ЕУ, а во 1995 година, бесправно го лишија Македонскиот народ и Македонската држава од правото на правен судски процес.
Секако дека Русија треба да биде подетално запозната со сите овие прекршувања на Меѓународното право и Меѓународните норми од страна на Владата на РМ, а по Барање на ЕУ и НАТО.

Со почит,
Гордана Јовановска

https://infovesti.mk/2019/02/09/ruskiot-ambasador-novoto-ime-na-makedonija-ke-se-razgleda-od-sovetot-za-bezbednost-na-on/…

Posted by Гордана Јовановска on Saturday, February 9, 2019

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here