По повеќе од деценија ТВ дуел на лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

465
0
SHARE

Премиерот Зоран Заев ја прифати поканата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за дуел на телевизија, потврдија за МИА од Владата.

– Отвореноста е еден од основните принципи според кои работи претседателот на Владата на Република Македионија Зоран Заев. Постојано комуницираме со јавноста на отворен и двонасочен начин, преку одговори и прашања, но и дебати и дуели. Така што премиерот Зоран Заев е подготвен за ТВ дуел во секое време со Христијан Мицкоски, бидејќи основа на демократијата е отвореноста и подготвеноста да се соочиш со политичките опоненти, изјави за МИА портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски.

Мицкоски синоќа по седницата на Централниот комитет на партијата го повика Заев да се соочат на телевизија и да дискутираат за преговорите за името.

По долги години ако не и цела деценија повторно ќе има тв дуел на лидерите на двете најмоќни и најголеми политички партии

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here