По само 24 часа на слобода повторно приведени 5 лица за настаните на 27ми април

436
0
SHARE

Поранешниот министер за внатрешни работи и директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, Митко Пешов, Душко Лазаров и Оливер Поповски од МВР, како и Горан Ѓошевски од обезбедувањето на поранешниот собраниски спикер Трајко Велјановски, во текот на ноќта се вратени во затворот Скопје во Шуто Оризари.

Дека пет лица се спроведени потвруваат и од МВР.

– Постапувајќи по решение на Основниот суд Скопје 1, пет лица во текот на ноќта се пренесени во истражниот затвор Скопје – изјавија кратко од министерството.

Приведувањето следува откако вчера Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција покрена обвинение за насилството од 27 април лани во Собранието.

Јавниот обвинител Љубомир Јовески вчера најави дека со обвинителниот акт, до Кривичен суд доставиле и барање за продолжување на мерките притвор и куќен притвор за обвинетите.

Во текот на денот се очекуваат информации и за одлуките на судот во врска со останатите обвинети.

Вкупно, за терористичко загрозување на уставниот поредок се товарат 28 лица, а двајца за помагање на истото дело.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here