По ТВ дуелот Мицковски-Заев и Зијадин Села го предизвика Али Ахмети на ТВ дуел

587
0
SHARE

Лидерот на албанската опозиција во Македонија Зијадин Села во изјава за „Журнал.мк” го кани лидерот на ДУИ Али Ахмети на телевизиска дебата пред јавноста и граѓаните – Албанци во Македонија. Села му дава на Ахмети да избере новинар, време, и медиум каде што би сакал да ја реализира дебатата, долгоочекувана од граѓаните – Албанци во Македонија.

“Секогаш редовно сум го канел Ахмети на дуел. И за време на дебатите каде што сум бил повикуван, но и во текот на изборните кампањи јас сум го имал поканувано Ахмети на телевизиски дуел. Продолжувам и сега да бидам отворен за дебата. Каде ќе сака, кога ќе сака, во кој медиум ќе сака и Ахмети нека избере кој новинар ќе сака – јас ќе бидам таму”, изјави за „Журнал.мк” Зијадин Села.

Последната телевизиска дебата меѓу лидерите на албанските партии во Македонија беше онаа во 2006 година меѓу лидерот на ДУИ Ахмети и поранешниот лидер на ДПА Арбен Џафери.

По јавната покана на лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села, која тој му ја упати на Али Ахмети за телевизиски дуел, дојде и одговорот, пишува „Журнал мк”. Денеска Ахмети преку изјава за оваа информативна агенција порача дека „на политичката сцена се појавиле многу лидери и оти не знае со кого да излезе на мегдан”. Али Ахмети „се срами поради оваа појава што се случува на албанската политичка сцена во Македонија”.

„Има многу лидери кај Албанците и јас не знам со кого да излезам на мегдан. Во опозиција останува и Билал Касами. Станавме срам за светот со десетици албански партии. Сериозно, се чувствувам засрамен кога имаме средби со претставниците на меѓународната заедница со десеттици политички лидери – Албанци во Македонија”, изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети за „Журнал.мк”.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here