Бројот на загинати во несреќата што се случи во југоисточната сојузна држава во Бразил, Минас Жераис, кога дојде до уривање на рударска брана, е зголемен на 58 лица, пренесува Anadolu Agency.
Според извештаите на бразилските медиуми, најмалку 305 лица се водат како исчезнати по смртоносниот инцидент што во петокот се случи во југоисточната сојузна бразилска држава Минас Жераис.
„Ќе се обидеме да ги лоцираме евентуалните преживеани лица и да стигнме до нив“, изјави Флавио Годино, портпаролот на Цивилната одбрана на Минас Жераис.
Од противпожарната служба се истакнува дека 23 лица се наоѓаат во болница.
По уривањето на рударската брана, властите евакуираа околу 3.000 лица од бразилскиот град Брумадињо.
Според бразилските власти, браната се срушила во моментот кога работниците ручале, а спасувачките тимови не можеле да стигнат до просторијата за јадење која била потрупана со кал.