Почина велосипедист од удар од автомобил во Ново Лисиче

650
0
SHARE

Трагедија вечерва во скопско Ново Лисиче- почина прегазен маж кој се движел со велосипед.

Според информациите кои за Канал 5 ги потврдија од полицијата, прегазен е средовечен маж, кој им подлегнал на повредите. Тој возел велосипед , кога на него налетала Шкода Октавија на булеварот „Видое Смилевски Бато“ управувано од 49-годишниот М.Ц.

Станува збор за машко лице на возраст од околу 50 год. По доаѓање на итната медицинска помош констатирана е смрт кај велосипедистот.

Телото е пренесено на обдукција.

Извор Курир

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here