Почнува дводневниот самит на Трамп и Ким во Виетнам

247
0
SHARE

Американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот челник Ким Џонг-Ун се среќаваат денес во виетнамската престолнина Ханој, вторпат за помалку од една година, а американската страна бара видливи потези на Пјонгјанг во насока на денуклеаризација на земјата.

Белата куќа соопшти дека Трамп ќе се сретне со Ким во хотелот „Metropole“, кој потекнува од француската колонијална ера, во 18.30 часот по локално време, односно 12,30 часот по средноевропско време, како и дека 20 минути ќе разговараат очи в очи пред вечерата која би требало да трае повеќе од час и половина.

Хотелот „Sofitel Legend Metropole Hanoi“ бил посетен во историјата од важни и славни личности, од Чарли Чаплин, кој таму отседнал на својот меден месец во 1936 година, до Џејн Фонда во текот нејзината антивоена капамња од 1970-те години. И самиот Доналд Трамп престојуваше во овој хотел во текот на неговата последна посета на виетнамската престолнина.

Сега во „Sofitel Legend Metropole Hanoi“ би можело да биде отворено ново поглавје и хотелот би можел да стане симбол на мирот, доколку Трамп и Ким, како што очекуваат некои функционери во САД и во Јужна Кореја, официјално прогласат заршување на последниот преостанат судир од времето на Студената војна по нивниот дводневен самит.

Трамп допатува во Ханој доцна ноќта во вторникот. „Штотуку пристигнав во Виетнам… Им благодарам на сите луѓе на прекрасниот пречек во Ханој. Голема маса луѓе и толку многу љубов“, напиша на Twitter. На аеродромот беше пречекан со црвен тепих и почесен вод.

Ким допатува претходно во вторникот по тридневното патување, долго повеќе од 3.000 километри, со воз од својата престолнина Пјонгјанг преку Кина. Последната делница од патот од границата до Ханој ја мина со автомобил. Допатува во Виетнам со група соработници, меѓу кои е и неговата влијателна помлада сестра.

Двајцата челници, коишто се чини воспоставиле изненадувачки срдечен однос на својот прв самит во Сингапур ланскиот јуни, ќе вечераат заедно со двајцата советници и преведувачите, соопшти Белата куќа, а разговорите ќе продолжат во четврток. Овие разговори се одржуваат осум месеци по историскиот самит во Сингапур, првата средба воопшто меѓу еден американски претседател и севернокорејски водач.

Поопширно на Нетпрес

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here