Поддршката на политиката на САД најдрастично се намалува во Македонија

382
0
SHARE

Поддршката на политиката на САД минатата година најдрастично се намалила во Македонија во споредба со сите други европски земји, покажува истражувањето на Галуп.

Цели 12 проценти е падот на поддршката на американската политика во Македонија во 2018 година споредено со претходната. Следуваат Словачка со пад од 10 отсто, Италија и Украина со по 9 отсто, Полска со 7 отсто итн.

Водството на САД лани во Македонија го одобрувале 33 проценти од граѓаните, 42 отсто не го одобрувале, а 25 отсто не знаат или одбиваат да одговорат.

Македонија истовремено е и меѓу петте држави во светот во кои одобрувањето на американското лидерство се намалило значително (двоцифрено). Другите четири земји се Словачка, Камбоџа, Иран и Турција.

САД најголем углед во Европа уживаат во Косово (80 проценти одобрување) и во Албанија (69 отсто), единствени две земји во кои поддршката е натполовична.

Извор Екпсрес

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here