Подметнант пожар во автомобил во Кавадарци

415
0
SHARE

Во текот на вчерашниот ден опожарено е возило во Кавадарци, информира денеска портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Станува збор за патнички автомобил марка „Ауди А6” со кавадаречки регистарски броеви, сопственост на С.Ф.(53), паркиран во дворот од неговата куќа на улицата „7 Септември“ бр. 48 во Кавадарци.

– Во пожарот целосно е изгорен предниот дел и внатрешноста на возилото, при што е направена поголема материјална штета, рече Додевски.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кавадарци.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here