Покачeниот минималец ќе предизвика проблеми кај трудо – интензивните дејности

229
0
SHARE

Владата најавува ново покачување на минималната плата – наместо досегашните 12.500 денари, работниците од 1 јули на сметка да добиваат по 13.000 денари. За ова допрва ќе се разговарало со Синдикатите и работодавачите со цел да се најде модел од кој ќе бидат задоволни сите, вели премиерот Заев.

Од Организацијата на работодавачи велат дека бизнисот не е подготвен за нови трошоци – доколку Владата не помогне, ново покачување на платите би предизвикало нови проблеми кај трудо – интензивните дејности. Оттаму алармираат дека се уште има работници кои дел од парите за плата ги добиваат на рака.

За најавеното зголемување на минималецот неодамна реагираа и од бизнис заедницата. Според нив, ново покачување на платите би значело сериозен удар врз текстилната индустрија, а дел од конфекциите, соочени со нови трошоци би можеле да стават клуч на врата. Апелираа – пред да се најави покачување на минималната плата Владата мора да се консултира со стопанството.

Претходно и од Светска банка предупредија дека евентуално покачување на минималецот ќе ја продлабочи сивата економија и ќе ја зголеми стапката на невработеност.

Инаку, во „Планот за живот“ на Владата стои дека до крајот на мандатот минималната плата ќе се покачи до 16.000 денари, а просечната ќе стигне до 500 евра. На само година и три месеци пред истекот на мандатот, минималецот се уште изнесува 12.507 денари, а просечната плата е за околу 100 евра пониска од планираното.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here