Поларен руски бран кон Македонија

328
0
SHARE

Се до четврток територијата на нашата држава ќе се наоѓа во поле на висок воздушен притисок (антициклон) кој ќе условува стабилно, сончево и невообичаено топло време за овој дел од годината со максимални дневни температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 20 степени додека во најтоплите региони истите не се исклучува можноста да се искачат и над 20 степени анализира Славчо Поповски.

Веќе во петок од Русија кон нашата држава ќе започне да се спушта поларен воздушен бран кој за виккендот ќе услови многу ниски температури на воздухот, во петок ќе има зголемување на облачноста и локални врнежи од дожд и снег на планините меѓутоа поради наглото заладување во петок навечер и во текот на ноќта кон сабота како и во сабота локално провејување на снег ќе има и на пониските места, сето ова ќе биде проследено со засилен северен ветер.

За време на викендот ќе бидат пониски од сегашните дури за 10 до 15 степени и ќе се искачуваат во интервалот од -3 до 6 степпени додека особено во недела наутро поради разведрувањето на некои места температурите ќе се спуштат и до -13 степени, локално и до околу -15 степени.

Оваа нагла и огромна промена на времето многу лошо ќе влијае врз повеќето граѓани, особено врз метеопатите кај кој ќе има појава на главоболки како и болку во коските како и на местата од старите рани, секако можна е и повремена нервоза како и нервоза но и тежина во главата и во телото.

Скопјеинфо

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here