Полицијата 24 часа на ден ги чува таблите со Северна Македонија

287
0
SHARE

Новите крајпатни табли со “Република Северна Македонија” што беа поставени на граничните премини во средата, полиција ги чува 24 часа на ден. А полицајци позорникари чуваат стража и ноќе, поради опасност да бидат симнати, ишкртани или украдени за старо железо.

Официјално, на граничните премини секако има постојана патрола од позорникари кои не се таму само за таблите со новото име на државата, туку и зашто на меѓуграничниот простор мора да се внимава, бидејќи таму не смеат слободно да се движат луѓе.

Неофицијално, полицајците се со задача да стојат покрај новопоставените табли, со оглед на тоа дека се заканува опасност противниците на новото име на државата да им го сторат на таблите со Северна истото што им го сторија на тие со автопатот „Пријателство“.

Казната за чкртање, кражба и уништување на сообраќајни табли и друга опрема за физичко лице е 300 евра во денарска противвредност.

Пренесува СДК.мк

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here