Помпео: „Самитот на Трамп и Ким ќе биде одржан во Азија“

270
0
SHARE

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека вториот самит меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ќе биде одржан во Азија.

Во интервју за „Фокс њуз“ (Fox News), Помпео изјави: „Ќе го одржиме некаде во Азија.“

Претходно овој месец, за време на состанокот меѓу Помпео и заменикот на лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Чол, двете страни се согласија во февруари да биде одржан втор самит на лидерите на двете земји.

Трамп и Ким го одржаа својот прв Самит во Сингапур минатата година, со кој се имаше за цел да се стави крај на нуклеарната програма на Северна Кореја, која е под строги санкции на ОН од 2006 година.

„Сега е време за мојот тим и целата американска Влада да соработуваат со Севернокорејците за да го извршат тоа и да ја исполнат нашата посветеност за денуклеаризација на полуостровот“, изјави Помпео за „Фокс њуз“.

„Претседателот Ким ни кажа дека е подготвен да го направи тоа, а сега мисијата е да го исполни тоа“, додаде тој.

Во средата Пјонгјанг побара ослободување од санкциите на ОН за „засилување на довербата“ пред самитот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here