Ѓорѓиевски: Ново убиство, овој пат во Рашче, а Спасовски наместо да го чува јавниот ред и мир оди по партиски митинзи!

497
0
SHARE
Орце Ѓорѓиевски - член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Ново убиство, овој пат во Рашче, а Спасовски наместо да го чува јавниот ред и мир оди по партиски митинзи!

Почитувани граѓани на Република Македонија,

Според најновите информации, усмртено е едно лице од огнено оружје од кое е пукано од возило со бугарски регистарски таблички. Македонија се повеќе наликува на некое воено жариште, а не на држава во Европа. Спасовски наместо да го чува јавниот ред и мир оди по партиски митинзи.
Полициски инспектори, наместо во расчистување на крвни деликти и обезбедување на безбедноста се во првите редови на митинзите на Пендаровски. Заев, Спасовски и Пендаровски мора да одговорат дали полицискиот службеник Елхам Шкрета, кој го нарече Заев икона, бил на работа како полицаец и во исто време се појави на партиски митинг на Пендаровски? Зошто Јовче Ременски и останатите полициски службеници наместо да го чуваат јавниот ред и мир се во првите редови на митинзите на СДСМ? Ова ли е професионализацијата која ја ветуваше господине Заев?

Наместо да брка криминалци, полицијата брка недолжни граѓани. Пендаровски знае дека ќе изгуби и во вториот круг и затоа вчера во Градско Спасовски пушти полициски службеници кои казнувале членови и активисти на ВМРО – ДПМНЕ без никаква причина. Во текот на вчерашниот ден две возила на сообраќајната полиција и неколку инспектори во цивилка извршиле буквална опсада на Градско и изрекле преку 100 казни за нивните возила. Полицијата буквално им влегувала по куќи на граѓаните и ги казнувале за возилата паркирани пред домовите на луѓето или пак во самите дворови, барани им се сообраќајни и им се прегледувани возилата. Без причина, само затоа што се членови на ВМРО – ДПМНЕ. Од тука ќе испратам јасна порака. ВМРО – ДПМНЕ го осудува злоупотребувањето на власта, полицијата не смее да служи како алатка за притисок. Одговорност за ова, како за наредбодавачите, така и за директните извршители мора да има!

Ниту една закана, уцена или притисок нема да ги исплашат нашите граѓани, идат подобри времиња.

Ново убиство, овој пат во Рашче, а Спасовски наместо да го чува јавниот ред и мир оди по партиски митинзи!Почитувани граѓани на Република Македонија,Според најновите информации, усмртено е едно лице од огнено оружје од кое е пукано од возило со бугарски регистарски таблички. Македонија се повеќе наликува на некое воено жариште, а не на држава во Европа. Спасовски наместо да го чува јавниот ред и мир оди по партиски митинзи.Полициски инспектори, наместо во расчистување на крвни деликти и обезбедување на безбедноста се во првите редови на митинзите на Пендаровски. Заев, Спасовски и Пендаровски мора да одговорат дали полицискиот службеник Елхам Шкрета, кој го нарече Заев икона, бил на работа како полицаец и во исто време се појави на партиски митинг на Пендаровски? Зошто Јовче Ременски и останатите полициски службеници наместо да го чуваат јавниот ред и мир се во првите редови на митинзите на СДСМ? Ова ли е професионализацијата која ја ветуваше господине Заев?Наместо да брка криминалци, полицијата брка недолжни граѓани. Пендаровски знае дека ќе изгуби и во вториот круг и затоа вчера во Градско Спасовски пушти полициски службеници кои казнувале членови и активисти на ВМРО – ДПМНЕ без никаква причина. Во текот на вчерашниот ден две возила на сообраќајната полиција и неколку инспектори во цивилка извршиле буквална опсада на Градско и изрекле преку 100 казни за нивните возила. Полицијата буквално им влегувала по куќи на граѓаните и ги казнувале за возилата паркирани пред домовите на луѓето или пак во самите дворови, барани им се сообраќајни и им се прегледувани возилата. Без причина, само затоа што се членови на ВМРО – ДПМНЕ. Од тука ќе испратам јасна порака. ВМРО – ДПМНЕ го осудува злоупотребувањето на власта, полицијата не смее да служи како алатка за притисок. Одговорност за ова, како за наредбодавачите, така и за директните извршители мора да има! Ниту една закана, уцена или притисок нема да ги исплашат нашите граѓани, идат подобри времиња.

Posted by Орце Ѓорѓиевски on Thursday, April 25, 2019

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here