Портпаролот на ГРОМ до Анѓушев – Мераклии сте на бришење историја ама 0.01% раст никој нема да ви го заборави!

481
0
SHARE

Портпаролот на ГРОМ Александар Трајановски, на својот ФБ профил прашува дали има поголем срам и поголемо понижување за граѓаните, од признанието на вицепремиерот на владата на Р.Македонија Кочо Анѓушев дека две години „чмаеле“ во владата и не работеле за она што се платени – подобрување на квалитетот на животот на граѓаните

“Дали може да биде попонижувачко од ова?

Вицепремиерот за економски прашања на трибина во Велес за некаква си силна економија, јавно признава дека владата две години од својот мандат „чмаела“ во однос на еконмските политики, приоритет било промената на името на државата и сите биле фокусирани на тоа, сега можеле да ги засукаат ракавите и да почнат со работа.

СЕГА после две години чмаење и дремење по кафеани и фотељи на сметка на граѓаните?
Извини Кочо ама и претходни владини гарнитури работеле на спорот со името, за некои поуспешно, за други понеуспешно од вас, но никој не ја запоставил економијата и стопанството.

Мераклии сте на бришење историја ама 0.01% раст никој нема да го заборави. Историскиот 0% раст на економијата е резултат на твоето чмаење и на таа бизнис клапа со која наводно се грижите за државава.

П.С.
На наредна трибина земете го Данска и малиот од Економија. Да биде комплетна сликата од целата чмајачка екипа

Дали може да биде попонижувачко од ова? Вицепремиерот за економски прашања на трибина во Велес за некаква си силна…

Posted by Александар Трајановски on Monday, January 28, 2019

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here