Поскапува паркингот во Скопје, дупло поскапа месечна карта за вработените

202
0
SHARE

Паркирањето на паркинзит со кои стопанисува ЈП „Градски Паркинг“, ќе поскапе за пет денари, пренесува „САКАМДАКАЖАМ.МК“, потпирајќи се на изјава од претпријатието.

Според новиот ценовник, измени ќе претрпат цените за зонските паркиралишта и на отворените паркиралишта со рампа, а поскапи ќе бидат и месечните карти за вработени во катните гаражи.

Така еден час паркирање во зона А сега ќе чини 50 денари, наместо досегашните 45 денари од час. Во Б зоната новата цена ќе биде 40 денари, додека паркирање во зоните Ц и Д ќе чини 30 денари.

Новата цена на месечните паркинг карти во катните гаражи ќе чинат 2.000 денари, наместо претходната цена од 1.000 денари.

Новите цени треба да поминат на Седница на Град Скопје, која ќе се одржи во среда.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here