Потпреседателот на ГРОМ Чепреганов: Јас не мислам на студентите да им предавам нешто за Северна Македонија

547
0
SHARE

Јас не мислам на студентите да им предавам нешто за Северна Македонија, вели Потпреседателот на ГРОМ и професор по историја Тодор Чепреганов во неговото гостување во Само Вистина на Канал 5 телевизија.

Коментирајќи ги комисиите со Бугарија и Грција кои треба да расправаат за македонските учебници, тој посочи дека македонските учебници за разлика од останатите балкански држави меѓу кои и овие две држави најмалку се оптеретени со национализам и се направени според сите европски стандарди.

“Јас сум против комисии и уште на почетокот кога бев поканет да бидам член на оваа комисија кажав дека немам проблем со сопствената историја, сметам дека само тој што има проблем со сопствената историја ќе учествува во комисија за да решава некакви си работи”, нагласи Чепреганов.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here