Потребните 10 илјади потписи за кандидатурата на професорката Гордана Силјановска собрани за неколку часа

511
0
SHARE

Професорката Гордана Силјановска Давкова за неколку часа ги собра потребните 10 илјади потписи од граѓани за кандидатурата на претстојните претседателски избори.

Професорката Силјановска немаше потреба од собирање на овие 10 илјади гласови бидејќи ја има поддршката од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, но уште на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ во Струга рече дека ќе ги собира овие потписи за да се прикаже како натпартиски граѓански кандидат.

Денеска својот потпис за кандидатурата на професорката Силјановска го даде и Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој изјави дека ја изразува неговата недвосмислена поддршка за професорката како граѓанин на Република Македонија и како претседател на најголемата политичка партија во Македонија.

-Сведоци сме на перманентно кршење на правото и правдината и еден од условите Македонија повторно да заличи на правна држава и демократска е токму победата на идните претседателски избори кои ќе се случат на 21 април, односно 5 мај. Јас сум силно убеден дека ВМРО-ДПМНЕ со професорката Гордана, но и со граѓаните на Република Македонија ќе извојува убедлива победа над она што ќе го кандидира деспотот Заев, СДСМ и групата која што е собрана околу него и практично од тој ден започнува враќањето на правото и правдината во Македонија, додава Мискоцски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here