Повредени повеќе од 28 лица во забавен парк во Шпанија

267
0
SHARE

Според информациите на шпанските власти, околу 28 лица, од кои повеќето се деца, се здобиле со повреди во инцидент кој се случил во луна парк во близина на Севиља.

Според тамошните медиуми, вртелешката во паркот пукнала и се распарчила на два дела, пренесе агенцијата АП.

Општинските служби за итни случаи во Севиља објавија дека девет повредени биле пренесени во локалните болници.
Според градскиот совет на Ла Ринконада, вртелешката како реквизит во забавниот парк претходно минала низ безбедносна инспекција.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here