Повторно дефект во РЕК Битола: Паднал Блок 3, штета преку 200.000 евра

394
0
SHARE

Повторно се случи дефект во РЕК Битола, паднал блок за производство на струја во електраната пишува порталот Лидер.

Како што тврди порталот, синоќа нешто по полноќ паднал „БЛОК 3“ поради невнимание на ангажираните.

Се работи за невнимание и неодговорност на поставените при надгледување на параметрите и показателите при функционирањето на блокот. Се трудат уште денес да го стават во функција, но, се јавува некаков проблем во вентилската поставка и ќе видиме кога ќе успеат да го стартуваат.

Ова е само еден од неколкуте случаи со испаднат блок годинава, кој се случува, а од компанијата не ја информираат јавноста.

Инаку, штетата предизвикана од едно испаѓање од употреба на блок во РЕК Битола, експертите ја проценуваат на преку 200.000 евра. Со тоа што, како што тврдат, секој ден неработење на блокот кој е во дефект, ја чини државата по уште толку.

Извор: lider.com.mk

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here