Пожарот на Водно избувнал во сандаци со пчели, блиску до една шупа, соопштуваат од Противпожарната бригада и информираа дека пожарот е ставен под контрола.
Локализирани се 80 проценти од огнот. Има зафатено дел од мала просторија, неколку сандаци со пчели и зеленило, велат оттаму.
Во гаснењето на пожарот првично се интервенираше со три возила и десет пожарникари, по што е испратено уште едно возило. Се вклучиле и седум лица од ЈП „Паркови и зеленило”, од каде се надлежни за шумата.