Пратеникот Павле Богоевски ја одложи седницата на комисијата за мандатно имунитетни работи

453
0
SHARE

Пратеникот Павле Богоевски побарал комисијата за мандатно имунитетни работи за мандатот на пратеникот Никола Груевски, а која ја најавуваше за во понеделник, да се одложи за неколку дена. Ова за „Сител“ го откриваат пратенички извори. Со Комисијата раководи токму Богоевски.

Тој во петокот најавил дека Комисијата ќе ја закаже во текот на наредната недела откако ќе заврши комисиите што ги работат реформите во безбедноста, а на кои пратеникот им дава предност.

Индикативно е што одложувањето доаѓа во екот на скандалот во кој народниот избраник се поврзува со набавка на кокаин.

Според Деловникот рокот за одржување на оваа седница истекува првите денови од јуни. Не е исклучено Комсијата да ја води и заменичката Снежана Калеска Ванчева.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here