Пратениците на опозицијата ја напуштија собраниската седница

582
0
SHARE

Пратениците со 69 гласови ЗА изгласаа Предлог законот за ратификација на Договорот меѓу Македонија и Грција да се гласа по скратена постапка. Четириесет пратеници беа против.

Предлогот го образложи министерот за надворешни работи Никола Димитров кој рече дека ратификацијата во македонското Собрание треба да се случи пред Европскиот совет кој на крајот на месецот ќе одлучува дали Македонија ќе добие датум за преговори. Во текот на неговиот говор пратениците до ВМРО ДПМНЕ од своите места извикуваа „предавник“.

По гласањето за да се усвои скратената постапка за донесување на предлог законот, тие почнаа и да удираат со рацете по собранискитге маси и извикуваа: „Уа предавници,  ја продадовте државата“.

По говорот на координаторот на пратеничката група на опозицијата Драган Данев, кој рече дека договорот е противуставен и дека со него се навлегува во идентитетот на државата, дека „капитулантската влада сака да ги втурне и пратениците да учествуваат во овој гениоцид на правнатга држава“, пратениците на ВМРО ДПМНЕ ја напуштија собраниската седница.

Сега ќе биде закажана седница на Комисијата за европски прашања. Комисијата ќе има два дена односно до среда на полноќ за разгледување на договорот. Откако ќе помине на Комисијата, Предлог-законот за ратификација на договорот повторно ќе се најде на пленарна седница за да биде финално ратификуван.

За ратификација потребно е обично мнозинство, односно мнозинство од присутните пратеници.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here