Пратениците си ги споија новогодишните со божиќните празници, на работа од 9ти јануари

441
0
SHARE

Народните избраници донеле одлука на координација со собранискиот спикер, при што се договориле да ги спојат деновите и по Божик да почнат со работа кога се очекува да се одржат две комисиски расправи.Пратениците ќе се вратат во собраниската сала следната недела, односно до 9 јануари.

На агендата на Собранието, всушност, нема закажани активности до 15 јануари, но собраниските служи информираат дека седници на неколку комисии ќе се одржат во периодот од 9 до 12 јануари, кои ќе бидат ставени дополнително во програмата на Собранието.

Инаку, на веб-страницата на Собранието единствена закажана активност е седницата на Комисијата за европски прашања за 15 јануари во 11 часот кога ќе се одржи презентација на програмата и на приоритетите за работа на бугарското претседателство со Советот на Европската Унија за периодот јануари – јуни 2018 година. Програмата пред пратениците ќе ја претстави амбасадорот на Република Бугарија во Република Македонија, Иван Великов Петков.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here