- НЕ ИГНОРИРАЈТЕ!
Мислите дека така повеќе ќе ве посакува, но вистината е дека ваквото однесување нема да ве одведе никаде.
- БИДЕТЕ СЕКСИ!
Бидете секогаш секси, но во граници на нормалата. Сексипилот многу лесно може да се најде и во границите на вулгарноста.
- НАПРАВЕТЕ ГО ПРВИОТ ЧЕКОР!
Доста е со оние филозофии дека додворувањето е работа на мажите. Истерајте ја гордоста и стравот и тогаш честитајте си на себе затоа што сте завршиле 90% од работата.
- НЕ ЗБОРУВАЈТЕ ЗА РАБОТА!
Секако дека кариерата ви е важна, но тој никако не смее да помисли дека е поважна од него.
- НЕ ФЛЕРТУВАЈТЕ СО ДРУГИ!
Поедноставно, не обидувајте се да го направите љубоморен. Прво нешто што ќе помисли е дека не сте заинтересирани.
- ПОКАНЕТЕ ГО НА СОСТАНОК!
Пронајдете заеднички интереси и договорете наредна средба уште следните денови.
- БИДЕТЕ ЕДНОСТАВНИ!
Седете, разговарајте и бидете свои. Ако постои вистинска поврзаност помеѓу вас двајцата нема да ви биде потребна глума. Се ќе се случува спонтано и природно.