Православните христијани низ светот го прославуваат Богојавление – Водици

437
0
SHARE

Богојавление денеска го слават  и Руската , Украинската и Српската православна црква.

Останатите цркви пак, кои се водат по Григоријанскиот календар, како Грчката, Бугарската и Вселенската Патријарпија, водици го одбележаа на 6 јануари.

Покрај светите литургии и ритуалот на осветување на водите,  во некои земји  постоајт  и различни традиции на чествување на празникот.

Капењето во ладна вода пред Богојавление  е една од најатрактивните и најпопуларните традиции  во Русија, бастионот на православието.  И годинава , екстремно ниските температури и замрзнатите езера и реки не ги поколебаа верниците да учестуваат во богојалвенското капање. Според традицијата , секој верник се прекрстува  и трипати нурнува во осветената вода за да се прочисти од физичките и моралните гревови.

Во Украина пак интересно е тоа што не се скока по богојавленскиот  крст. Чинот на осветување на водите значи само спуштање на крстот  во водите и негово извлекување. Потоа верниците се порпскуваат со вода.

Интересна традиција има и Бугарија. Покрај скокањето по светиот крст во водите што  претходно свештениците и владиците ги осветуваат, во водите се ирга и богојавленско оро.

-Треба да се почитуваат традициите, бидејќи народ без традиции е осуден на пропаст. Ниту е страшно, ниту е ладно.

Од 1993 година  во   Бугарија се практикува  на овој ден да  се освети и знамето на бугарскат армија.

Идентично како и во Македонија, со фрлање по крст се слави и во Грци и во Вселенската патријаршија.

Вселенска патријаршија  веќе неколку години Водици го слави и со осветување на водите на Босфор во Истанбул, но и во градот Измир , некогаш познат како Смирна каде по   крсто се фрлаат претежно грчки верници кои  живеат во Турција.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here