Шахтите на скопскиот плоштад денеска се заваруваат од страна на екипи на „Водовод и канализација“.
Во посета на Скопје на 7 мај треба да дојде поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск.
Едно од местата на кое ќе престојува папата за време на престојот ќе биде и централниот плоштад во Скопје.
Откако ќе пристигне, папата Франциск ќе оствари средби со претседателот на државата, Ѓорге Иванов и со премиерот Зоран Заев, во претседателската палата.
По настаните во Претседателската палата, светиот отец ќе ја посети спомен-куќата на Св. Мајка Тереза во присуство на верските лидери, а подоцна ќе се сретне со сиромашните.