Премиерот на Русија Дмитриј Медведев во посета на Софија

285
0
SHARE

Премиерот на Русија Дмитриј Медведев пристигна во Софија еден ден по националниот празник 3 март на првата посета после 11 години.

Медведев не особено дипломатски и со диеректни зборови изјави она што е основна теза на Москва со години – дека Бугарија не е суверена во своите одлуки.

Запрашан за состојбата на билатералните односи, тој одговори вака: “Преживеавме доста сложен период во односите меѓу Русија и Европската унија, во кој влегува и Бугарија. Економските санкции и политичкиот притисок кои ги испоставува Европската унија врз Русија, подучувана од САД – тоа е најлош начин за одржување на добри односи меѓу двете земји “.

Москва гледа внимателно на проектите за кои е заинтересирана најмногу – евентуалното продолжување на “Турски поток” и продолжувањето на нуклеарната централа “Белене” – бидејќи сеуште ништо кај нив не е дефинитивен решено и затоа тие беа запрени и обновени од владата на Бојко Борисов .

Руските туристи, кои се во најголем дел од бизнисот со туризам на Црното Море, е во опаѓање – со над 8% минатата година.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here