Премиерот Заев во Солун на вечера со солунскиот градоначалник Бутарис

476
0
SHARE

Премиерот Зоран Заев најави дека новогодишните празници ќе ги помине во Солун. Оваа посета е од приватен и неофицијален карактер, а на својот Фејсбук профил вечерва тој објави фотографија од вечерата со солунскиот градоначалник Јанис Бутарис.

„Солун прекрасен како и секогаш, пријателски град од соседна Грција. На заедничка вечера со градоначалникот Бутарис разговараме за нештата кои нѐ поврзуваат, во позитивна атмосфера. Му се заблагодарив на гостопримството и ги споделивме очекувањата за успешна 2018 година“, напиша Заев.

Солун прекрасен како и секогаш, пријателски град од соседна Грција. На заедничка вечера со градоначалникот Бутарис разго…

Posted by Zoran Zaev on Saturday, December 30, 2017

За време на посетата во Скопје, Бутарис го покани македонскиот премиер да го посети Солун за време на новогодишните празници. Пред една недела портпаролот на Владата потврди дека Заев за Нова Година ќе биде во Солун, но не во официјална туку во приватна посета.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here