ПРЕСПАНСКО ЕЗЕРО ЗГОЛЕМЕНО ЗА 14 САНТИМЕТРИ

134
0
SHARE

Од почетокот на 2021 година, Преспанско Езеро се зголемило за 14 сантиметри и сега е на ниво 842.36.

„Секторот за животна средина на Општина Ресен, по извршените мерења ме информира дека од почеток на оваа година нивото на Преспанско Езеро се зголеми за 14 см, односно, сегашното ниво е 842.36. Тоа е добра вест, во година кога треба и институционално да започнат голем број активности за спас на нашето езеро“.

На 30 декември 2020 година, водостојот на Преспанското Езеро беше понизок за 1,52 метри во однос на повеќегодишниот просек за тој месец, со што за 50 сантиметри го имаше надминато апсолутниот минимум, покажаа мерењата направени од Управата за хидрометеоролошки работи.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here